X
 02.03.2016 Живот

Во Истанбул се гради најголемиот аеродром во светот

Изградбата на третиот истанбулски аеродром оди како планирано, а моментално на овој мега проект работат околу 13.000 работници од 15 држави во светот.

 

аеродром


Првиот дел од најголемиот аеродром во светот ќе биде отворен во февруари 2018 година. За самата големина зборуваат фотографиите од птичја перспектива, а првиот дел од аеродромот ќе има капацитет од 200 милиони патници годишно. Во наредниот период, бројот на работници може да достигне до 30.000 луѓе.

Станува збор за проект вреден 10.25 милијарди евра и аеродром кој по обем и содржина ќе личи на мал град - годишниот капацитет ќе изнесува 150 милиони патници.

Авионот ќе има паркинг простор за 500 авиони и 70.000 возила, 6 писти и 12 такси патишта - ова се само некои од неговите содржини во изградбата која се протега на простор од 76.5 милиони метри квадратни.

Локалните власти особено се грижат за заштита на околината, па секое дрво го пресадуваат на друга локација во Истанбул. Најавено е и засадување на пет садници за секое старо дрво кое ќе биде исечено. Секое исечено дрво се заведува во евиденција и со тоа е најавено засадување на повеќе од 10 милиони садници на различни локации во Турција.

 


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот