X
 30.05.2018 Живот

Оваа земја го забрани „Фејсбук“ на еден месец

Властите од Папуа Нова Гвинеја објавија дека на сите свои граѓани ќе им го оневозможат пристапот до „Фејсбук“ на еден месец. Причината е отстранување на лажните вести и профили и преиспитување на она што „Фејсбук“ го нуди. Исто така, ќе се анализира како тамошното население ја користи најпознатата социјална мрежа во светот.

Министерот за комуникации Сам Басил истакна дека се собираат информации за да им се стави крај на оние што користат лажни профили и споделуваат порнографски содржини.

- Ова време ќе ни овозможи да собереме информации за да ги идентификуваме корисниците што се кријат зад лажните профили, корисниците што споделуваат порнографски фотографии, корисниците што споделуваат лажни информации - рече Басил.

Тој додаде дека тие би можеле да ја разгледаат и можноста за создавање нова социјална мрежа за граѓаните на Папуа Нова Гвинеја.

Само околу десет отсто од населението во Папуа Нова Гвинеја имаат пристап до интернет, земјата се покажа како проактивна во регулирањето на интернет-услугите.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот