Секојдневно се соочуваме со различни предизвици – било да се работи за обврски, финансиски проблеми, несогласувања во врските или други стресни ситуации. Долготрајната изложеност на стрес може да предизвика физички и психолошки последици, како што се замор, исцрпеност, па дури и разни здравствени проблеми. Затоа е важно навреме да ги препознаете знаците на стрес и да научите како да го ослободите телото.
За да видите дали сте под стрес, тестирајте се со оваа слика. Се работи за тест развиен од јапонски невролог.
Имено, потребно е внимателно да се погледне сликата. Ако сликата остане статична и мирна, тоа значи дека не сте под стрес. Меѓутоа, ако забележите дека сликата малку се поместува, тоа значи дека сте под одреден стрес. Ако, пак, сликата изгледа како да се врти или да се движи брзо, тоа е знак дека сте под голем стрес.
Овој тест може да ви помогне да го одредите нивото на стрес и да одлучите кога е време за одмор и фокусирање на вашето здравје и ментално закрепнување.
Извор: womeninadria.com
Фото: Freepik