X
 01.11.2015 Живот

Салони за релаксација за работниците под стрес

koreja

 

Јужна Кореја добива се` поголем број на салони за опуштање за работниците под стрес. Ова место им нуди релаксација, сон и опуштање во текот на нивните паузи.


Специјализираните салони нудат удобни столици, мрежи за лежење, седишта за масажи, а нивната цел е да ги спречат работниците да не заспијат на нивното работно место.

Еден корисник на овие релаксирачки салони ги објаснува придобивките од овие салони.

„Сонот го добивав спиејќи стуткан на моето биро во канцеларијата или седејќи во машкото вц, меѓутоа тука можам да легнам и поудобно да се одморам“, вели тој.

Според официјалната статистика, Јужна Кореја има еден од најдолгите работни денови во светот, а вработените имаат повеќе работни часови од било кои други земји во светот. Ова доведе до зголемување на стресот на работа со повеќе од 80% од работниците чувствувајќи се уморни поради нивните професии и работни места.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот