Емилија Кларк поканува еден обожавател на премиерата на „Игра на троновите“ преку натпревар организиран од „Омејз“. Натпреварот станал толку популарен, што во период од неколку часа паднала веб-страницата.
Се наближува премиерата на осмата сезона од серијата „Игра на троновите“. Ова значи дека се ближи крајот. За таа цел, Емилија Кларк, која ја глуми Денерис Таргариен во серијата, објави видео во кое најавува натпревар што ќе му овозможи на еден среќен обожавател да присуствува на премиерата на финалната сезона на серијата, како и на забавата по премиерата како придружник на Емилија Кларк.
Од големиот интерес веб-страницата паднала. Поради тоа, веб-страницата нуди нова можност за обожавателите да ги зголемат своите шанси. Сега, кога ќе донирате, напишете го кодот „BREAKER“ и на тој начин вашето име ќе биде запишано дополнителни 150 пати, со што се зголемува вашата шанса да одите на премиерата на „Игра на троновите“.
Откријте дали можете да ја освоите наградата и да бидете дел од
премиерата додека донирате за добра цел.
ТУКА може повеќе да дознаете за донацијата и натпреварот.