Еден татко од Нов Зеланд на својот твитер-профил неодамна го сподели писмото што неговата ќерка-тинејџерка го добила првиот ден на работа за подобро да го разбере своето место.
Ова се правилата што ѝ ги дал шефот:
1. Животот не е фер - навикни се!
2. Светот нема да се грижи за твојата самодоверба. Светот ќе очекува да постигнеш нешто пред да почнеш да бидеш задоволна од себеси.
3. Нема да заработуваш 60.000 долари годишно веднаш откако ќе го завршиш училиштето. Нема да бидеш потпретседателка со службен мобилен и автомобил додека не ги заработиш и двете.
4. Ако мислиш дека професорите се ужасни, почекај додека не добиеш шеф.
5. Печењето плескавица не ја уништува твојата чест. Баба ти и дедо ти имаа друго име за оваа работа - шанса.
6. Ако згрешиш нешто, не се виновни твоите родители, па затоа не плачи за грешката, туку научи од неа.
7. Пред да се родиш, твоите родители не беа толку здодевни како што се денес. Такви станаа поради плаќањето сметки, перењето алишта и слушајќи те тебе како зборуваш колку си кул. Затоа, пред да почнеш да ја спасуваш прашумата од паразитската генерација на твоите родители, направи дезинсекција на плакарот во твојата соба.
8. Можеби твоето училиште немало победници и губитници, но во животот има. Некои училишта ги укинаа лошите оценки и ќе ти дадат онолку шанси колку што сакаш да се обидеш за да дојдеш до точниот одговор. Тоа нема никаква врска со реалниот живот.
9. Животот не е поделен на семестри. Немаш слободно лето и ретко кој вработен е заинтересиран да ти помогне да се пронајдеш себеси.
10. Телевизијата не е реален живот. Во реалниот живот луѓето мора да излезат од кафулето и да одат на работа.
11. Биди љубезен/а кон бубалиците. Големи се шансите еден ден да работиш за нив.
Фото: Twitter
Откако ја добила листата со правила, неговата ќерка дала отказ.
- Неодамна ја напушти работата кај локален трговец кој вработува претежно 16-годишници и ги плаќа далеку под минимумот - напиша таткото на неговиот профил.
Коментарите од интернет-корисниците се различни.
- Се согласувам дека некои работи треба да им се објаснат на децата денес.
- Се чини дека сите сме загрижени дали ќе се вознемириме или, не дај Боже, ќе им кажеме неколку тешки вистини на помладите генерации.
- Секоја од овие точки е добра животна лекција.
Се верува дека листата всушност не ја напишал поранешниот шеф на девојката, туку е копирана од интернет и како таква кружи веќе неколку години.
Фото: Twitter