За оние што сакаат да работат, ниедна физичка работа не е тешка, тврди Моника, која без проблем сама цепи дрва.
-Јас не ги разбирам луѓето што седат во кафеана по цел ден и ми се смеат дека возам виљушкар. Па јас сум девојка и возам виљушкар и што - вака младата претприемничка Моника Мацан ја започнува својата приказна.
Таа од Италија се преселила во Босна и Херцеговина со намера да започне бизнис во Козарска Дубица. Моника успеала во тоа, денес е сопственичка на претпријатие кое се занимава со преработка на дрва. Почетокот, како што вели таа, не бил лесен.
- На почетокот не знаев ништо. Одев да учам да возам виљушкар, сега веќе имам диплома. Фала му на Бога, шоферите беа добри. На почетокот имаа трпение, така што сега сама товарам - гордо раскажува Моника.
Таа смета дека за оние што сакаат да работат, ниедна физичка работа не е тешка.
- Кој сака да работи за пари, ќе работи, кој не сака, нема да работи. Работа има, имаат многу можности во пилани, има многу превозници што немаат шофери - раскажува Моника.
Нејзиното работно време започнува во 7 наутро, а завршува во 20 часот. Многу работи, но не се жали. Вели дека од ништо направила компанија и е горда на тоа.
- Ако се трудиш, сè е можно. Јас можам да кажам дека сега сум среќна - вели Моника.
Таа им порачува на младите дека ако сакаат нешто да имаат, мора и многу да работат, од многу нешта да се откажат, но и да не се срамат од чесната
работа.