Кога мислиме на големи љубовни приказни, меѓу првите двојки што ни паѓаат на ум сигурно не се Џокерот и Харли Квин. Сепак, режисерот Тод Филипс го одбра Денот на вљубените за да објави прв поглед од Лејди Гага како Харли Квин и Хоакин Финикс како Џокерот.
Двајцата актери се среќаваат во продолжението на психолошкиот трилер „Џокерот“. Продолжението со наслов „Џокер: Лудило за двајца“ (Joker: Floe a deux) се очекува да биде мјузикл, иако тоа не било потврдено.
Во филмот ќе играат и Зази Битз, Брендан Глисон, Кетрин Кинер, Џејкоб Лофланд и Хери Лоти.
Филмот ќе почне да се прикажува во кината на 4 октомври 2024.
Извор:
Cnet
Насловна фотографија: Instagram (printscreen)