Еден од најуспешните режисери на сите времиња - Квентин Тарантино откри кој филм го смета за негов најдобар проект.
Квентин Тарантино го прогласи „Си било еднаш во Холивуд“ за негов најдобар филм досега.
За време на шоуто на Хауард Стерн, радиоводителот го праша кој негов филм го смета за најдобар, на што Тарантино одговори дека тоа е „Си беше еднаш во Холивуд“. Објавен во 2019 година, во филмот глумат Леонардо ди Каприо и Бред Пит како актери кои се борат да го најдат своето место во променливиот Холивуд од 1969 година. Маргот Роби ја глуми Шерон Тејт.
- Со години луѓето ме прашуваат вакви работи, а јас велев, не, тоа се мои деца. Но, сметам дека „Си беше еднаш во Холивуд“ е мојот најдобар филм.
Филмот заработи 374 милиони долари од киноблагајните, што е импресивен резултат за оригинална драма. На „Оскарите“ во 2020 година, филмот доби 10 номинации, вклучително и за најдобар режисер и најдобар филм, а на Пит му ја донесе наградата „Оскар“ за најдобра машка споредна улога.
Ако „Си беше еднаш во Холивуд“ за него е најдобар филм, за „Гриндхаус“ вели дека е најнесфатен.
Фото: Screenshot/YouTube