X
 23.06.2015 Култура

Премиера на филмот "Бродот што никогаш не поминал"

Новото филмско остварување на аудиовизуелниот автор Александар Спасоски под наслов ”Бродот што никогаш не поминал” оваа недела на 25 Јуни од 19:00 часот премиерно ќе биде прикажан во МКЦ во киното Фросина во склоп на Македокс фестивалот за документарни филмови. Мотото кое го носи овој фестивал оваа година Рум—да —да, Дум—та—Дум—ќе биде прикажување на филмови кои промовираат звук како тема.

 

brodot

 

Александар Спасоски ликовен автор и видео автор кој дипломира во Минхен 2008 нови медиуми и познат како видео автор, композитор и ликовен уметник, оваа година го презентира своето прво документарно филмско остварување. После номинацијата за во Оберхаузен филмскиот фестивалот во Германија 2008 со видеото Воајер, Спасоски повторно во ова видео остварување како и во Воајер се бави со феноменот на имагинативната реалност, егзистенцијализмот и односот на ликовен автор визави елитизмот како бирократски систем кој авторската иницијатива ја игнорира поради силната западна бирократија во Германија. ”Бродот што никогаш не поминал” е документарен мејкинг оф од она што Александар го поставил како звучна инсталација 2012 во Скопје и 2013 во Минхен.

 

Произведувајќи звук на бродска сирена на место каде што не се одвива воден сообраќај, тој сака да ја поттикне имагинацијата на публиката, која преку звучниот стимул ќе си визуелизира брод што поминува, но и да види како звукот ќе влијае врз оние кои се подалеку од реката. Филмот е единствениот опиплив документ од ова еднодневно искуство кој на хумористичен начин го прикажува развивањето на проектот, тешкотиите со кои се соочил уметникот барајќи дозволи од институциите во Баварија и техничките предизвици при изградбата на конструкцијата. Проектот беше финансиран од Министерството за култура на Република Македонија.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура