Тел Авив ги презеде првите чекори за да им помогне на пешаците на кои им е одвлечено вниманието од мобилните телефони - вгради сигнални ЛЕД-светла на пешачките премини.
Општината од овој град неделава инсталирала таканаречени „зомби семафори“ за да ја намали опасноста возилата да налетаат на невнимателни пешаци на пешачките премини.
Томер Дрор, задолжен за одделението што управува со сообраќајот, изјави дека целта е намалување на несреќите што ги предизвикуваат пешаците кои се премногу насочени кон своите мобилни телефони, а помалку на сообраќајот околу себе.
Слични системи веќе се користат во Австралија, Сингапур и во Холандија.
Засега ЛЕД-светлата се вградени само на една раскрсница во централниот дел на
Тел Авив, но општината планира да ги постави и на други места ако се покажат ефикасни.