X
 26.04.2016 Технологија

Митови за батериите во кои веројатно верувате

„Android authority“ состави водич за чување на батеријата, во кој се наведуваат неколку митови во кои речиси сите веруваме. Доколку имате смартфон, големи се шансите дека верувате во овие лажни факти.


Оставање на телефонот на полнач цела вечер е лошо за батеријата

Според оваа теорија, доколку го оставите телефонот на полнач откако батеријата е целосно полна, тоа ќе го намали капацитетот на батеријата. Но, тоа не е случајот. Митот потекнува од порано, кога тогашните батерии се загревале доколку се полнеле долго. Но, новите уреди се поефективни кога станува збор за струјата. Оставањето на уредот вклучен на полнач постојано е сосема во ред. Единствениот проблем кој може да се појави е доколку имате лош дизајн, па маската се прегрева.

Треба целосно да ја испразните батеријата пред полнење

Овој мит, слично како и претходниот, потекнува од порано, кога старите батерии го барале тоа. Но, повеќето од денешните батерии задржуваат околу 80% од капацитетот на батеријата дури и после години користење.

Секогаш користете го полначот од брендот на телефонот

Во ова нема ништо повеќе од маркетинг. Има некои исклучоци, но во повеќето случаи може да се користат и други полначи.

Не го користете телефонот додека се полни

За овој мит нема никаков доказ. Некои луѓе велат дека користењето на телефонот додека се полни може да предизвика експлозија на телефонот, но ова не е точно. Заштедете батерија со блокирање на апликации Апликациите кои ги спречуваат другите апликации да работат не помагаат, а може само да ја влошат состојбата. Дури и кога ги исклучувате апликациите во позадина, ја трошите батеријата повеќе отколку што ја заштедувате.

Блокирањето на некои алатки го продолжува животот на батеријата

Интернетот или блутудот треба да се исклучат за да не ја трошат батеријата? Вистина е дека ова ќе заштеди батерија, но многу малку, можеби половина час за цел ден.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија