X
 24.04.2016 Технологија

Како да проверите дали вашиот телефон има вируси?

Можеби веќе сте се обиделе со некои апликации за вируси за „Андроид“, но според „Simple help“, оваа е најдобрата.


Апликацијата е целосно бесплатна и не го успорува уредот откако се инсталира. Одете во „Google play store“ и преземете ја „Mobile Security & Antivirus“. Отворете ја апликацијата. Притиснете на „Continue“ за да ги прифатите условите. 


Притиснете на „Scan this device“ за да проверите дали телефонот има вируси. За време на скенирањето ќе добиете известување за вирусите, доколку има.


Доколку имате вируси, притиснете на „Show threats“. Тука ќе ги добиете сите потенцијални проблеми откриени на уредот, вклучувајќи ги и вирусите.


Притиснете на „Resolve“ за да ги решите проблемите.


Потоа може да ја подесите апликацијата да го скенира телефонот автоматски, доколку сакате.










Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија