X
 15.03.2022 Живот

Нефт Даслари - град изграден на нафтени платформи

Во Каспиското Море, на стотина километри од Баку, главниот град на Азербејџан, се наоѓа едно од најнеобичните населени места во светот. Станува збор за поранешен град со 3.000 жители кои живееле на мрежа од нафтени платформи и вештачки острови поврзани со мостови.

Градот се нарекува Нефт Даслари и се наоѓа на 55 километри од брегот на езерото. Нафтените платформи почнале да се градат по Првата светска војна, откако била пронајдена квалитетна нафта на длабочина од 1.100 метри во Каспиското Море.

На почетокот имало седум брода и и првиот танкер за нафта во светот. Низ децениите биле изградени околу 2.000 платформи за копање простор од 30 километри, кои биле поврзани со мостови.


На овие платформи работниците изградиле осумкатници, фабрика за пијалаци, игралиште за фудбал, библиотека, пекарница, кино, јавна бања, градина и дури и парк за кој била донесена почва од брегот. Во еден период околу 5.000 работници живееле на овие платформи.

Во 90-тите години била откриена нафта на други места и била намалена работата на оваа платформа. Оттогаш поголемиот дел од платформата потонал во морето поради неодржување. За Владата, ова место е тајна и тешко е странски државјани да стигнат до градот.

Извор: Amusing Planet
Фото: Wikipedia
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот