X
 07.12.2024 Живот

Овие земји се најбогати според природните ресурси

Природните ресурси се столбот на современото производство поради тоа што се неопходни за да се создаде сè околу нас.

Според податоците на „Статиста“ од 2021 година, десет земји доминираат на глобалниот пејзаж на природни ресурси, а секоја од нив има огромни резерви клучни за многу индустрии.

Природните богатства на Русија вредни 75 билиони долари


Русија е дефинитивно лидер на листата со природни ресурси чија вредност се проценува на 75 билиони долари, кои главно се состојат од јаглен, природен гас, нафта, дрвена граѓа и ретки метали. На глобално ниво, Русија нема конкуренција на полето на природен гас, држејќи ги најголемите докажани резерви во светот заклучно со 2020 година - речиси 20 отсто од вкупните светски ресурси на природен гас.

САД се втори на листата со природни ресурси со проценета вредност од 45 билиони долари, вклучувајќи јаглен, природен гас, како и вредни метали како злато.

Саудиска Арабија и Канада ги заземаат третото и четвртото место поради големите ресурси на нафта, а подолу на листата се наоѓаат Иран (каде што има нафта и природен гас), Кина (јаглен, ретки метали, дрво), Бразил (злато, ураниум, железо, дрво, нафта) итн.

Фото: Visual Capitalist

Извор: Visual Capitalist
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Билјана Спиркоска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот