Арал Балкан навлегува во нашите внатрешни стравови и започнува да прашува непријатни прашања. Веројатно секој би бил против, поштарот да ја прегледува нашата пошта - тогаш зошто не ни пречи кога Google прегледува низ нашиот меил?
Балкан, основач на Ind.ie дискутира за тоа како компаниите како Google и Facebook ни ветуваат бесплатни услуги во замена за правото да не` гледаат и да не` проучуваат. Тој тврди дека храбриот нов дигитален свет на „корпоративен надзор“ се заканува на нашите основни слободи и права.
Ерик Шмит, извршниот претседател на Google, вели дека доколку има нешто кое не сакаме сите да го знаат, не треба да го правиме нештото на прво место. Балкан пак вели дека приватноста не е тоа дали имаш или немаш нешто да скриеш, туку приватноста е да имаш или немаш контрола над она кое го споделуваш.
Дали „бесплатното“ е закана за нашите граѓански слободи? Ако бесплатното е лага, колкава е цената на
вистината?