X
 08.12.2020 Образование

Студенти изненадија професор со пораки за благодарност

Овој семестар веројатно е еден од потешките за професорите. Тоа е случајот и со професорот Адам Шрејџр од Њу Џерси, САД. Меѓутоа, оваа година била и една од најубавите за него поради изненадување што му го приредиле студентите.

Минатата среда Шрејџр се вклучил за да го одржи своето последно предавање по статистика за овој семестар. Наместо да ги види познатите лица на студентите, видел празни екрани. Тој изјавил за медиумите дека обично камерите на студентите биле вклучени на почетокот на предавањето, па затоа се изненадил.

Но студентите имале убаво изненадување. Откако почнал часот, секој студент ја вклучил камерата откривајќи пораки за благодарност до професорот.

- Бев целосно изненаден, комплетно шокиран што тие го сторија ова за мене и што предметот толку им значел - изјавил Шрејџр за „Инсајдер“.

@vizzywap

during these tough times it’s important to show extra appreciation! ##fyp ##foryoupage ##zoom ##dontletthisflop ##college ##covid ##professor ##thankyou

♬ original sound - James Blake


Видео од изненадувањето било објавено на „Тик-ток“ и досега има над 5 милиони прегледи. Во видеото се гледа дека Шрејџр е изненаден и сака да го зачува моментот, па прави слики од екранот на кој се гледаат пораките од студентите. Потоа се шегува дека сите студенти ќе освојат максимални поени на испитот.

Видеото ги инспирирало студентите да им се заблагодарат на своите професори. Шрејџр открил дека му стигнале повеќе видеа од други студенти низ земјата кои ги изненадиле професорите на сличен начин.

Автор: Моника Хамфрис
Извор: insider.com
Насловна фотографија: Screenshot/Tiktok
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование