Втора година по ред Групацијата Лимак, преку иницијативата Global Engineer Girls (GEG) доделува 20 стипендии на девојки и млади жени кои студираат на електротехничките, машинските, градежните и факултетите за компјутерски и информатички науки на државните универзитети во земјава.
Студентките кои ќе учествуваат во втората година од програмата на GEG беа избрани врз основа на нивните досегашни академски достигнувања и вклученоста во дополнителни активности. Притоа, повеќе од 180 кандидатки аплицираа на јавниот повик што беше објавен на почеток на февруари оваа година.
Покрај финансиска поддршка во форма на стипендии, Групацијата Лимак, преку GEGNorthMacedonia, обезбедува и можности за практикантска работа, обуки за развој на дигитални и друг вид вештини, како и учество во менторска програма што ја спроведуваат искусни професионалци и бизнис-лидери.
- Среќна сум што можам да им посакам добредојде на новите стипендистки и воедно да ѝ честитам на генерацијата 2023 за завршувањето на програмата Global Engineer Girls во Република Северна Македонија. Се надевам дека преку знаењето и искуството кои им ги пренесуваме на овие млади девојки и жени, ќе ги охрабриме и дополнително ќе ги мотивираме да ги остварат своите соништа и да изградат успешна кариера во инженерските професии и да заземат лидерски позиции, кои некогаш беа резервирани повеќе за мажите - изјави Еда Јегиналтај-Курт, член на Управниот одбор на Лимак Скопје и на Фондацијата Лимак, која има повеќе од 30 години професионално искуство во градежната индустрија и е ментор во програмата на Global Engineer GirlsNorth Macedonia.
На настанот, со кој се заокружи првиот циклус од програмата и се означи почетокот на вториот, Еда Јегиналтај-Курт ја сподели својата инспиративна приказна, искуства и совети со GEG студентките од првата и втората генерација. Покрај неа, на настанот говореа и генералната директорка на „Макстил“, Марија Дуковска-Павловска, генералната менаџерка и сопственичка на компанијата „Завар дизајн“, Марта Наумовска-Грнарова, како и Мерита Рамадани-Алими, сопственичка и директорка на компанија „Билд тек“.
Главната цел на инцијативата Global Engineer Girls е да обезбеди активна поддршка за младите жени и девојки да стекнат напредно знаење, практично искуство и да изградат кариера во областа на науката, технологијата и инженерството - позната како СТЕМ-област. Исто така, иницијативата се стреми да ги поттикне компаниите да се вклучат во справувањето со родовиот јаз во нивната индустрија и во нивните организациски структури, на тој начин унапредувајќи ја вклученоста на жените во економијата и во општеството.
Global Engineer Girls е меѓународна филантропска иницијатива која започна да се спроведува во 2015 година во Турција, а потоа се прошири и во Република Северна Македонија, Косово и Саудиска Арабија. Главна инспирација за нејзиното покренување беше организациската култура на Групацијата Лимак и личните заложби на претседателката на групацијата, Ебру Оздемир, за зголемување на застапеноста на жените во СТЕМ-областа.
(Комерцијална објава)