X
 03.08.2020 Култура

Овие филмови доживеаја дебакл во кината, но станаа класици што секој треба да ги погледне

Одредувањето дали еден филм е добар или лош во зависност од успехот што го направил во кината е прилично лош концепт и се темели на претпоставката дека публиката е добро мерило за квалитет.

Но, Холивуд не функционира според логиката, туку според бројките. Квалитетот е пожелен, но не и пресуден параметар кога станува збор за следната голема инвестиција. Филмовите од оваа листа доживеаја дебакл во кината, и тоа во голем број случаи знчи дека ќе останат заборавени. Сепак, со овие филмови тоа не е случајот, туку сосема спротивно - тие станаа класици.

Трон



Овој филм е класика и нема сомнеж вотоа дека и во тоа време многу верувале дека ова е следниот чекор, што се однесува на специјалните ефекти. Иако многумина тврдеа дека филмот требаше да биде номиниран за „Оскар“ во категоријата специјални ефекти, тоа не се случи, а причината е што Академијата во тоа време се држеше до ставот дека дигиталните ефекти се измама.

Во секој случај, критиките беа солидни иако сценариотот беше послабо, но дебаклот во кината беше голем. Сепак, филмот инспирираше нови генерации на уметници кои го препознаа потенцијалот на компјутерската анимација.

„Вселенски војници“



Денес е тешко да се поверува дека оваа сатира за фашистичкиот режим не го покори не само киното, туку и номинациите за бројни филмски награди. Станува збор за научно-фантастична класика што на хартија делува како апсолутен зицер. Имаше 100 милиони долари тежок буџет, млада актерска екипа и до ден денес е еден од најомилените филмови во овој жанр.

Но, во 1997 година, публиката едноставно не покажа интерес за филмот кој само неколку години подоцна стана култен класик.

„Големиот Лебовски“




Навистина, понекогаш имате чувство дека луѓето го сакаат овој филм само затоа што е популарно да се сака, но нема сомнежи дека станува збор за класика од 90-тите. Денес, филмот е еден од најомилените дела на браќата.

Но, кога излезе, филмот беше навистина омразен.

„Децата на човештвото“



Алфонсо Куарон создаде ремек дело. Дури и ако не сакате дистописки филмови за мрачната иднина, ова објективно е еден од најдобрите и визуелно најимпресивните филмови на 2000-тите.

Иако потфрли во кината, критичарите едногласно го прогласија за еден од најдобрите филмови во изминатите сто години.

„Планета со богатство“



Класикот на Роберт Луис Стивенсон имаше бројни претстави, а „Дизни“ создаде анимиран филм во кој вложи многу пари. Но за жал, филмот доживеа огромен неуспех во кината.

Сепак, ова не го менува фактот дека прекрасната традиционална класика на „Дизни“ не заслужува да биде рамо до рамо со „Кралот Лав“ и „Аладин“. Љубителите на анимираните филмови и ден денес сметаат дека „Планета со богатство“ е еден од најдобрите на „Дизни“ и прекрасно (но неуспешно) збогување со 2Д анмиацијата.

„Боречки клуб“



Во време кога филмот се појави во кината, луѓето имаа чувство дека целиот свет зборува за феноменалниот филм на Дејвид Финчер кој во тоа време веќе ги освои фановите благодарение на култниот трилер „Седум“.

За жал, филмот не беше успен во кината, а Бред Пит и ден денес се сеќава на првата премиера на филмот во главните студија, и разочарувањето на лицата на луѓето.

Но, откако се појави на ДВД, приказната драстично се промени и наеднаш сите полудеа по еден од најдобрите филмови на Финчер. 10 години подоцна, „Њујорк тајмс“ го прогласи за еден од најдобрите филмови.

„Брзи и мртви“




Сем Раими веројатно е еден од режисерите кои никогаш не би можеле да ги споите со вестерн-филмовите, но тоа е затоа што повеќето луѓе го немаат гледано токму овој филм.

Шерон Стоун, Џин Хекман и тогаш непознатите Расел Кроу и Леонардо Дикаприо - сите тие се дел од еден од најлудите вестерн-филмови, кој можеби не е совршен, но е совршено забавен.

„Дони Дарко“




Во овој случај станува збор за филм што едноставно беше премногу за просечните кино-гледачи. Џејк Џилинхол и ден денес тврди дека не знае што се случувало во филмот, но тоа изгледа како дел од шармот на бизарната комбинација на тинејџерски филм, црна комедија, научна фантастика и хорор.

Во кината потфрли поради неколку причини. Прво, станува збор за филм што е невозможно да се опише, второ никогаш не ни постоела сериозна намера да се пушти во кино дистрибуција и трето, во време на 9/11 беше невозможно да се рекламира филм чие дејствие е авионска несреќа.

Сепак, филмот денес има култно значење и еден од најдобрите филмови.

Извор: Index.hr
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура