X
 15.04.2019 Образование

„Јахја Кемал“ со 12 медали од вкупно 21 на Македонската математичка олимпијада!

Лука Грашкоски, ученик во втора година во средното училиште „Нова“ од Скопје, освои златен медал со најмногу поени на 26. Македонска математичка олимпијада за учениците од средното образование, која се одржа викендов на Универзитетот ФОН. По четири златни и сребрени медали освоија средношколци од Скопје и од Струга, а беа освоени 14 бронзени медали.
Освен Грашкоски, златни медали освоија и: Иљир Лимани (трета година), Михаела Хаџиска (трета година) и Христина Митреска (втора), сите ученици од „Јахја Кемал“. Ученици од ова училиште во Скопје и во Струга освоија 12 од вкупно 21 медал на ММО.
Деновиве ќе се знае и тимот на Балканската математичка олимпијада што ќе се одржи во Молдавија, од 30 април до 5 мај.

Листа со најдобрите средношколци на ММО
Подготвил: С.Ѓ.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование