X
 21.12.2019 Образование

„Јахја Кемал“ - прва образовна институција што учествуваше на Форумот за храна и социјална инклузија во Брисел

Приватното средно училиште „Јахја Кемал“ беше дел од Годишниот форум за храна и социјална вклученост - „Дијалог помеѓу европските институции и конкретните практики низ Европа“, што го организира Европската конфедерација на банки за храна (ФЕБА) што се одржа во Европскиот парламент во Брисел. Претставници на „Јахја Кемал“ беа Исмаил Ердил, директор на основното училиште и Сурија Таук, одговорен за односи со јавноста. Тие беа единствени претставници од нашата земја.



Воведен говор на настанот во Брисел одржа членот на Европскиот парламент, Брандо Бенифеи. Во дискусијата учествуваа и: Лорис ди Пиетроантонио од Генералниот директорат за вработување, социјални работи и инклузија, Ангела Григо од Европската федерација на банки за храна, како и претставници на национални организации од оваа област од Италија, Шпанија, Ирска, Естонија. Завршни говори и заклучоци за понатамошното дејствување имаа претставниците на Европската федерација на банки за храна, Жак Ванденшрик и европскиот парламентарец Давид Каса.




Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование