X
 15.04.2019 Живот

Пожарот во Нотр Дам снимен со дрон

Додека пожарникарите во Париз се борат со огнот што ја зафати Богородичната црква, позната како Нотр Дам, на социјалните мрежи се појавуваат сѐ повеќе тажни снимки и фотографии.

Една од нив е фотографијата направена од дрон, на која може да се види пожарот.

Постојано се објавуваат и снимки од луѓе како пеат во близина на катедралата зафатена од оган.

Некои луѓе споделија и факти за катедралата. Така, новинарот Нил Кинг на „Твитер“ напиша дека таванот на Нотр Дам содржел 13.000 дабови дрва исечени во 12 век. Тоа би било цела шума.

Во меѓувреме, можеби најсподелуваните слики на социјалните мрежи беа оние на кои беше илустриран Квазимодо како ја гушка катедралата.

Погледнете уште некои од највпечатливите, а воедно и најтажните фотографии од пожарот.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот