X
 31.10.2019 Култура

Изгоре јапонскиот историски замок Шури

Замокот Шури во Јужна Јапонија, кој се наоѓа на листата на светско културно наследство на УНЕСКО, речиси целосно изгоре во пожар.

Во гаснењето на пожарот, кој избувнал во замокот од 14 век, кој се наоѓа во градот Наха во провинцијата Окинава, учествувале повеќе од 20 противпожарни екипи.

Пожарот уништи седум главни структури на околу 4.800 квадратни метри на рид во градот Наха, но нема извештаи за повредени, објавија јапонските медиуми.

- Шокирани сме од загубата на замокот. Загубивме симбол од историјата на Окинава - изјави градоначалничката на Наха, Микико Широма.

Пожарот почнал непосредно пред 2:40 часот во замокот во Наха, главен град на префектурата Окинава, по што десетици жители ги напуштиле своите домови.

Пожарот бил изгаснат околу 11 часа подоцна.

Локалните власти се сомневаат дека пожарот почнал во главната хала, но причините за огнената стихија сè уште се утврдуваат.

Полицијата покрена истрага за причините за пожарот.

Замокот Шури е главна туристичка дестинација на Окинава. Тој го претставува Кралството Рикију, кое траеше 450 години сè додека независното кралство не беше анектирано од Јапонија во 1879 година.

Американски сили го бомбардираа замокот во 1945 година за време на Битката за Окинава и тој беше реконструиран во 1992 година.

Замокот Шури или Шуриџо во 2000 година беше ставен на листата на локации од светско културно наследство.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура