X
 15.05.2018 Живот

Сакате луксузен, но поволен часовник? Синдромот „ролекс“ и магичните 40 отсто

Кога човек ќе ги погледне цените на новите луксузни часовници - не е необично да се деморализира поради цените што во последниве години достигнуваат астрономски цифри. Но со оглед на тоа дека станува збор за производи што во теорија може да траат вечно, а во практика и по 60 или 70 години, пазарот на користени работи е многу добра опција. Се разбира, бидејќи инвестицијата е голема, неопходно е да се едуцирате и да внимавате.

casovnik

14. Одлучете се што сакате

Можеби звучи глупаво и не треба да се објаснува, но основниот чекор во процесот е нешто што луѓето го занемаруваат. Дали сакате спортски или елегантен часовник? За што ви треба? Во кои пригоди ќе го користите најмногу? Не би било лошо да одредете и буџет и да го намалите изборот на брендовите. Сето тоа ќе ви помогне во потрагата.

13. Завршете си ја „домашната задача“


Дознајте колку што можете повеќе за часовникот за кој сте заинтересирани. Интернетот е непресушен извор, па така можете да откриете повеќе детали за моделот за кој сте заинтересирани.

12. Барајте локално


Избегнувајте купување преку интернет. Ако можете, пронајдете продавач и внимателно проверете го часовникот. Обидете се да видите дали има некаков проблем со него и ако е можно, побарајте да се отвори задниот поклопец.

11. Поставувајте многу прашања

Прашајте го продавачот како дошол до часовникот? Кога последен пат бил сервисиран? Дали има кутија и документи за него? Зошто го продава? Дали работи?

10. „Ибеј“ може да биде одличен избор

„Ибеј“ е златен рудник за часовници. Освен тоа, постои можност продавачот да не знае дека има вреден часовник, па да добиете одлична зделка.

9. Побарајте ги кутијата и документите

Покрај тоа што се доказ за автентичноста на часовникот, тие му додаваат вредност на самиот часовник.

8. Бројченикот е 99 отсто од вредноста


Ова не е претерување. Ако бројченикот е оштетен или изгледа како да е заменет, не купувајте го часовникот.

7. Оригиналноста е клучна

Ова е особено точно во случај на купување поскап часовник. Секој дел што е заменет значително ја уништува вредноста. Ова особено се однесува на бројченикот.

6. Кај некои брендови избегнувајте полирани часовници

Доколку полираното е изведено стручно и нежно, тогаш часовникот е во ред. Но денешните колекционери инсистираат на тоа дека со полираниот часовник подоцна би имале проблеми ако сакате да го продадете часовникот.

5. Избегнувајте позлатени или хромирани часовници

Држете се до не’рѓосувачки челик или злато. Но како да знаете дека станува збор за челик? Треба да пишува STAINLESS STEEL или ACIER INOX. Кога станува збор за хромиран часовник, ќе пишува STAINLESS STEEL или FOND ACIER INOX.

4. Веднаш сервисирајте го

Дури и ако продавачот ви тврди дека часовникот неодамна бил сервисиран, подобро е да го однесете повторно на сервис. Компонентите во внатрешноста на механичкиот часовник бараат масло за да работат сигурно. Се препорачува часовниците да се сервисираат најмалку на секои 5 години.

3. Синдромот „ролекс“


Сите правила се однесуваат за сите брендови на часовници, освен за „ролекс“ и „патек филип“ - овие брендови се апсолутни владетели и со нив треба да бидете особено внимателни.

2. Магични 40 отсто

Кај повеќето часовници што се постари од пет или шест години правило е дека реалната цена на користениот пазар е околу 40 отсто од новата цена на часовникот.

1. Станува збор за инвестиција

Како и кај автомобилите, кога купувате нов часовник, можете веднаш да намалите 20 до 30 отсто од вредноста, а со текот на времето и 40 отсто. Но кај повеќето подобри брендови приказната застанува тука и часовникот ќе ја има истата вредност со години, а во некои случаи и со децении.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот