Планински водич споделува едноставни навики кои го чуваат неговото здравје до врвот на светот - на Монт Еверест.
Луѓето Шерпа живеат на Монт Еверест, но дури неодамна започна да се пишува и зборува за нив. Поголемиот дел од нив работат како планински водичи за странците кои се искачуваат на планината. Како тие го зачувуваат своето здравје?
Ако не ти треба, остави го
Овие луѓе не брзаат никаде, освен наутро кога се возбудени да го започнат или продолжат патот кон врвот. Еден од најважните совети кои им ги даваат на почетниците планинари е да ги заборават пижамите. Кога преспивате во незагреани гостински соби, секогаш заспивате во облеката. Отстранувањето на потребата за пресоблекување и одново пакување значи свеж почеток на денот.
На храната мислете како на гориво
Тоа значи прескокнете го лошото. Тие никогаш не пушат, не пијат алкохол и се вегетаријанци. На овој начин, тие ги зачувуваат способностите за долга кариера во планините. Речиси секој ден, тие јадат ориз подготвен на пареа, супа и зеленчук. Главниот пијалок е црниот чај.
Јавете се дома, дури и од планина
За време на сезоната на качување, планинарите од племето
Шерпа не се дома со недели, но не дозволуваат тоа да влијае на семејните врски. Тие редовно се слушаат со најблиските преку интернетот кој го добиваат во рестораните за пауза или преку телефон.