X
 15.05.2019 Живот

Веб-пребарувач засадува дрвја со ваша помош

Веб-страницата „Екозија“ успешно засадила милиони дрвја од почнувањето на проектот во 2014 година.

Кристија Крол  ја основал „Екозија“ во декември 2009 година и го претвори обичниот акт на пребарување на интернетот во нешто многу значајно.
Идејата му дошла кога отишол на патување низ светот откако дипломирал на колеџ. Една од дестинациите за посета му била Јужна Америка, каде што дознал колку е катастрофално уништувањето на шумите за различните екосистеми. Веднаш потоа одлучил дека дрвјата ќе бидат главен фокус во неговата работа. Бидејќи претходно имал работено на веб-проекти со своите цимери, веќе знаел нешто за работата со веб-пребарувачите, па му било лесно да го создаде концептот за „Екозија“.

Но, како точно пребарувањето на интернетот води до засадување милиони дрвја? Па, „Екозија“ продава рекламен простор на пребарувачот. Приходот од рекламниот простор го користи за поддршка на разни непрофитни организации низ светот кои се посветени на засадување дрвја. Во просек, потребни се 42 пребарувања за да се засади едно дрво.

Влијанието на нивната работа оди подалеку од намалувањето на СО2 во атмосферата. Со стратешко садење на шумите, како Амазонија во Бразил, се создаваат природни коридори кои на животните им овозможуваат да мигрираат без да си го стават животот во опасност, преминувајќи области надвор од нивното живеалиште. Накратко, тие обезбедуваат биолошка разновидност преку заштита на многу загрозени животински видови.

Немојте да мислите дека од садењето дрвја имаат придобивка само животната средина и животните. Овие дрвја исто така обезбедуваат сенка што го подобрува квалитетот на почвата, а тоа му помага на растението да расте. На локалните заедници им овозможува не само да живеат од земјата, туку и да го продаваат производот. Во земјите во развој тоа значи подобри животни услови и можност родителите да ги испраќаат своите деца на училиште и да купат лекови што им се потребни за да преживеат.

Иако е лесно да се препознае уништувањето на шумите како еколошки проблем, тешко е да се сфати колку е навистина сериозно. Од 1990 до 2016 година се уништени 502.000 квадратни километри во светот. Тоа е област поголема од Јужна Африка. Ако не дејствуваме брзо, на 80 отсто од копнените животни и растенија што ги населуваат шумите наскоро ќе им бидат загрозени животите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот