X
 05.04.2020 Живот

Жител на Еквадор создаде сопствена дождовна амазонска шума

Мал дел од Амазон за кој било дозволено да се користи како обработливо земјиште сега е претворен во дождовна шума благодарение на човекот кој го поседува земјиштето, Омар Тело. Тој се откажал од својата работа како сметководител и поминал 40 години создавајќи шума во Еквадор, што се протега неколку стотици километри во секоја насока. 

Тој се обидува да ги охрабри и другите сопственици на земјиште да го направат истото за да можат да го запрат уништувањето на шумите.

Кога почнал со проектот, на ова земјиште биле исечени дрвјата со цел тоа да се користи за земјоделство. Му биле потребни цели 40 години за да го обнови земјиштето. Мал број луѓе успеале да остварат ваква трансформација.

Како што вели тој, воопшто не му се допаднало тоа што шумата постојано се сечела, па затоа одлучил да преземе нешто во врска со тоа.

- Луѓето мислеа дека сум луд. Но, сведок бев дека целиот овој рај исчезнува до моментот кога глетката на диво животно беше луксуз. Сите големи дрвја беа сечени, освен оние до кои не можело да се стигне, па затоа си реков: „Морам да направам нешто за да ги спасам овие видови“ - вели Омар.

covek
Фото: Screenshot/YouTube

Пред 40 години тој ја купил оваа земја и одлучил да почне да засадува. Се откажал од работата како сметководител и своето време ѝ го посветил на шумата. Тој пронашол ретки семиња од длабочините на шумата и ги засадил на неговото земјиште. Полека, дивиот свет почнал да доаѓа.

- Во шумата можете да ги најдете најспектакуларните работи - вели Омар.

Но, земјата околу имотот на Омар постојано се обработува. Дури и патот што води до шумата се поплочува.

Сега Омар им помага на другите да го направат она што тој го прави. Омар патувал во село оддалечено 100 километри за да му даде совет на земјоделец за тоа како да почне да засадува шума на неговото земјиште.

Марија Хосе Итаралде од организацијата „Хјумнас фор Абанданс“ се залага сите земјишта да се обноват и да се засадат со дрвја. На тој начин ќе ѝ се помогне на планетата Земја.

Проектот на Омар почнал во 2019 година и се пријавиле само неколку земјоделци, но Омар вели дека станува збор за важна работа.

- Ако еден ден дрвјата исчезнат, луѓето можат да се вратат на овие места и да речат: „Тука е семето“. Ова е единствениот начин да го спречиме целосното исчезнување.



Извор: BBC
Фото: Printscreen/BBC
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот