X
 20.10.2020 Живот

Планот на Сингапур да засади 1 милион дрвја ќе ги штити видовите и ќе овозможи парк на 10 минути од секој граѓанин

Во обид да ги обнови некогаш богатите екосистеми во шумата од мангрови, Сингапур планира да засади 1 милион дрвја во надеж дека на тој начин ќе се спасат многу видови птици, влекачи и дрвја од истребување.

Развојот на малиот остров во голема економска сила донесе милијарди странски инвестиции во сиромашните источноазиски и индопацифички заедници, но и нова урбана инфраструктура која ги замени шумите од мангрови.

Сепак, како и повеќето нации, и Сингапур има агенција за национални паркови и таа има план да помогне во позеленувањето на градовите и обновувањето на популациите на птиците и дрвјата во шумите, како и да му обезбеди на секој Сингапурец парк што ќе биде оддалечен само 10 минути од неговиот дом.

Исто така, владата спонзорира создавање на градини на покривите и други зелени градски проекти, како и паркови за терапија што ќе бидат дизајнирани да ги задоволат физичките, психолошките и социјалните потреби на посетителите на паркови. Посетителите ќе можат да доживеат низа здравствени придобивки, како што се намалување на менталниот замор, намалување на нивото на стрес и подобрување на емоционалната благосостојба.

- Дрвјата играат важна улога во создавањето пријатна животна средина. Тие се природни филтри на воздухот, ја рефлектираат топлината и ги ладат површините. Тие помагаат во ублажувањето на климатските промени - вели директорот на „Групата за заштита на национални паркови“, Адријан Лу.
Засадувањето на еден милион дрвја треба да се реализира до 2030 година.

Во август властите го објавија создавањето на „Сунгеј булох парк нетворк“, парк од мочуришта и мангрови што ќе се простира на 400 хектари во северниот дел на островот. Сунгеј Булох опфаќа неколку различни постојни мочуришта и е дом на 279 различни видоа птици-преселници.

Некои од мангровите се критично загрозени, а расадниците на дрвја на островот досега произвеле 51.819 дрвја. За да помогне во забрзувањето на процесот, владата на Сингапур изнајмува услуги за преместување на возрасни дрвја во области што треба да се развијат.

Мангровите се врвни чувари и тие даваат прилично големи придобивки за цивилизацијата: штитат од ерозија на почвата што може да го уништи земјоделското земјиште, можат да заробат повеќе СО2 отколку кое било друго дрво и се дом на десетици видови животни.

Извор: Good News Network
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот