X
 15.06.2018 Култура

Книги што ви ги препорачуваат технолошките магнати - Безос, Закерберг, Гејтс...

Најуспешните луѓе од технолошкиот свет се познати по тоа што често препорачуваат книги, а ваквите препораки особено им значат на младите луѓе што сакаат да влезат во бизнис-светот.

Марк Закерберг во 2015 година го формирал книжевниот клуб на „Фејсбук“, нагласувајќи ја потребата да се чита на секои две недели. Годината започнала со книгата „Крајот на моќта“ од Моисес Наим, а се затворила со книгата на Дејвид Дач - „Почеток на бескрајот: Објаснувања што го трансформираат светот“, додека во текот на годината се провлекувале наслови за расизмот, генетиката, религијата, медицината, социологијата, како и романи за научната фантастика.

knigi
Фото: Pixabay


Џеф Безос, сопственик на „Амазон“, во 2013 година на платформата создал листа со книги, а на неа се најдоа многу книги наменети за претприемачите, како „Дилема на иноваторите“ од Клејтон Кристен и „Направеното да потрае: Успешните навики на визионерските компании“ од Џим Колинс.

Тим Кук е познат по читање биографии, особено оние што ги менуваат работите, додека Илон Маск често на својот твитер-профил споделува препораки за книги од различни области.

Но меѓу извршните директори што препорачуваат книги веројатно најмногу препораки дава Бил Гејтс. Тој во 2010 година препорачал повеќе од 185 книги, а тоа кулминираше со неговата филантропска кампања:  подарување на книгата „Фактфулнес“ од Ханс Рослинг на сите дипломирани студенти во 2018 година во Америка. Објавена во април оваа година, книгата е совршена препорака за дипломираните студенти.

Гејтс вели дека дипломците што влегуваат во светот на бизнисот треба да ги прифатат фактите и различните мислење околу себе. Книгата е достапна и во електронска форма.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура