Летен одмор. За повеќето основачи на нови или брзо-растечки компании, овие два зборови се непознати. Сепак, темпото на работа се успорува во летото и најчесто повеќето имаат време да прочитаат книга или две. Доколку сакате да се релаксирате со книга, но сепак да не губите време и да научите нешто за бизнисот, следните 7 книги може да ви бидат летни лектири.
„The E Myth“
Оваа книга честопати се обработува на факултетите низ светот. Во неа, Мајкл Гербер ги открива митовите и претпоставките за основањето и растењето бизнис.
„The 7 Habits of Highly Successful People“
Се работи за класика во областа на бизнисот. Поставувањето цели, правењето чекори полека, подобрувањето на вештините за разбирање на луѓето се некои од вештините кои се потребни за успешен и среќен живот.
„How to Win Friends and Influence People“
Ова ремек-дело на Дејл Карнег од 1936 година е библија за продавачите и претприемачите. Таа не' учи на една важна работа: во бизнисот, треба да ве сакаат.
„Business Adventures“
Ворен Бафет и Бил Гејтс изјавиле дека ова е нивната омилена книга во областа на бизнисот. Затоа, веројатно би требало да се најде на полиците на секој претприемач. Авторот е поранешен новинар кој учел од бизнисмените и сите нивни совети ги ставил во оваа книга.
„Purple Cow“
Едноставните и ефективни идеи на Сет Годин го освоија светот. Оваа книга е мала и едноставна за читање, а некои од најважните лекции во неа се да се биде уникатен, да се презема ризици и да не се заборави да се биде уникатен.
„Good to Great“
Во оваа книга, авторот Џим Колинс покажува како компаниите може да станат одлични од просечни. Во книгата има примери за компании кои постигнале голем успех.
„Atlas Shrugged“
Доколку имате проблеми со
креативноста, ова е книгата за вас. Во книгата се учат лекции за моќта на креативноста и достигнувањето. Не можете да го сопрете возот на иновации.