По осум месечна работа на автентични локации во Словенија и Србија и повеќе 200 членови во филмската екипа, заврши снимањето на серијата „Сенки 2“.
По огромниот успех на првата сезона, големата филмска екипа заедно со авторот и режисерот Драган Бјелорлиќ, подготви уште поамбициозно драматично прикажување на скриената историја на Балканот.
Втората сезона носи спектакуларни комбинации на акција и драма, мистерија и напнатост, водејќи нè низ прекрасни пејзажи. Главните ликови кои ги толкуваат Драган Бејлорглиќ и Андрија Кузмановиќ повторно се наоѓаат во срцето на мистеријата што може да ја промени судбината на Европа.
Меѓународни завери, екстремна идеологија, нарко-војни се историска позадина на возбудлива потрага по решението за мистеријата на грозоморни злосторства што го потресиле Белград во 1934 година.
И во втората сезона ќе уживаме во улогите кои ги толкуваат Марија бергам, Ненад Јездиќ, Горан Богдан, Јована Стојиљковиќ, Мило Самолов, Срџан Жика Тодоровиќ, Гордан Кичиќ, Никола Џуричко, Небојша Дугалиќ, Бранимир Брстина, Марко Живиќ. Во серијата улоги имаат и македонските актери Тони Михајловски и Петар Арсовски, а во новата сезона нови улоги имаат Леон Пармински, Наташ Нинковиќ, Богдан Диклиќ, Весна Тривалиќ, Марко Грабеж и Игор Џорџевиќ.
Креаторот на серијата е Драган Бјелогрлиќ, а музиката и овој пат ја потпишува Манифико. Премиерата на новата
сезона е закажана на есен 2019 година.