X
 03.05.2018 Живот

Матурски фустан предизвика огромна расправија: „Не дозволувам мојата култура да биде твоја забава!“

Фотографии од матурска забава во Јута што една девојка ги објави на својот твитер-профил предизвикаа бурна расправија на оваа социјална мрежа откако еден корисник ја обвини 18-годишната девојка за „културно присвојување“.

Имено, матурантката Кезиа, која не е Кинеска, минатата недела објави свои фотографии во традиционален кинески фустан, што го поттикна Џереми Лам да ѝ одговори: „Мојата култура не е твој матурски фустан!“

fustan
Фото: Twitter

Приказната не завршува тука. Неговиот твит беше објавен во петокот навечер, а привлече стотици илјади лајкови. Лам на „Твитер“ објаснува зошто фотографиите се спорни. Вели дека овој кинески фустан прво бил униформа за чистење куќи, а потоа стана симбол за добивање моќ на жените.

„Во време кога жените во Азија биле замолчувани, фустанот не бил само дел од уметноста, туку и симбол на активизам. Ова парче облека ги прифатило феминизмот, самодовербата и родовата еднаквост преку прекрасен стил. Потоа овој стил се проширил низ цела Азија, а оваа прекрасна униформа станала знак за слободата на жените“, пишува Лам додавајќи дека е горд на сопствената култура и не дозволува да биде предмет на американскиот консумеризам и забава за белата публика, што е еднакво на колонијална идеологија.

И додека некои предлагаа Кезиа да ја отстрани фотографијата, таа одби образложувајќи: „На сите што се негативни: само покажував почит кон кинеската култура. Нема да ги избришам фотографиите бидејќи не направив ништо погрешно, туку ја искажав љубовта кон оваа култура. Станува збор за фустан. И тоа прекрасен“, напиша таа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот