Доколку сте обожавател на хорор-филмови, веројатно досега сте погледнале барем еден филм кој не ве исплашил толку колку што сте очекувале. Најдобрите хорори го забрзуваат чукањето на срцето и остануваат во вашите мисли со денови. Од „Бродбенд чојсес“ неодамна спровеле истражување за да откријат кои се најстрашните филмови снимени досега.
Во рамките на истражувањето, 250 учесници гледале 30 најпрепорачувани хорор-филмови. Истражувачите им ја следеле активноста на срцето на учесниците додека ги гледале филмовите.
Резултатите покажале дека најстрашен филм е „Домаќин“ (Host), британски филм од 2020 година.
„Злокобен“ (Sinister) од 2012 г. се наоѓа на второто место, а „Подмолно“ (Insidious) од 2010 г. се наоѓа на третото место.
На листата со најстрашни филмови се наоѓаат и класици, како „Ноќ на вештерките“ од 1978, но дури 14 од најстрашните 20 биле прикажани во 2010 г. или подоцна.
Најстрашните 20 хорор-филмови
1. „Домаќин“ (Host), 2020
2. „Злокобен“ (Sinister), 2012
3. „Подмолно“ (Insidious), 2010
4. „Повикување на злото“ (The conjuring), 2013
5. „Наследно зло“ (Hereditary), 2018 и „Преплашен“ (Terrified), 2017
6. „Тоа нè следи“ (It follows), 2014
7. „Тивко место 2 дел“ (A quiet place part II), 2021 и „Паранормална активност“ (Paranormal activity), 2007
8. „Повикување на злото 2“ (The conjuring 2), 2016, „Бабадук“ (The Babadook), 2014 и „Спуштање“ (The descent), 2005
9. „Молчи“ (Hush), 2016, „Тивко место“ (A quiet place), 2018 и „Прстенот“ (The ring), 2002
10. „Кошмар на Елм стрит“ (A nightmare on Elm Street), 1984, „Ноќ на вештерките“ (Halloween), 1978 и „Тексашки масакр со моторна пила“ (The Texas chainsaw massacre), 1974
11. „Тоа“ (It), 2017 и „Повикување на злото 3: ѓаволот ме натера“ (The conjuring: The devil made me do it), 2021.
Извор: Mental Floss
Фото: YouTube (Printscreen)