„Шоукејс синемас“ спроведе анкета за да дознае кој е омилен божиќен филм на Британците. Филмот „Сам дома“ од 1990 година доби 19 отсто од гласовите во анкетата спроведена пред празничната сезона.
На второ место се најде филмот „Елф“ со 14 отсто од гласовите, а на трето место се најде „Всушност, љубов“ со 13 отсто од гласовите. Освен за филмови, британската јавност гласаше и за омилените ликови во божиќните филмови.
Омилени божиќни ликови
Британците ја изгласаа изведбата на Вил Ферел во улогата на Бади за најдобра, а секој петти граѓанин го избра токму овој лик како најдобар. На второ место се најде изведбата на Меколи Калкин како Кевин Мекалистер со 17 отсто од гласовите.
Фото: Screenshot/YouTube
Што се однесува до актерите кои го глумеа Дедо Мраз низ годините, улогата на покојниот Ричард Атенбороу во римејкот „Чудо на 34. улица“ од 1994 година беше избрана за фаворит со четвртина од гласовите (26 отсто). Курт Расел заврши на второто место за улогата на Дедо Мраз во филмот „Божиќни хроники“, додека Том Хенкс, кој го позајми гласот за анимираниот филм „Поларниот експрес“, се најде на трето место со 18 отсто од гласовите.
Божиќни филмови низ кината во Велика Британија
Инаку, за да го прослават божиќниот период, „Шоукејс синемас“ прикажува низа омилени празнични филмови низ кината во Велика Британија.
- Божиќ е навистина најубавиот период од годината кога станува збор за киното. Низ годините имаше толку многу култни филмови и моменти од празничниот спектар на филмови, а „Сам дома“ е заслужен победник во нашата анкета. Нашето истражување покажа дека гледањето божиќни филмови е една од омилените работи во Велика Британија во овој период од годината, па затоа сме среќни што прикажуваме празнични спомени во нашите кина низ земјата - рече портпаролот на „Шоукејс синемас“.
Извор:
Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube