X
 15.06.2021 Живот

Д-р Хаус: „Кога не можеме да најдеме логичен одговор, се задоволуваме со глупав“

Една од најпопуларните серии во историјата на телевизијата, „Д-р Хаус“, се емитуваше осум сезони и веројатно немаше да биде толку возбудлива ако Хју Лори не ја одигра маестрално улогата на главниот лик.

Ексцентричен и циничен дијагностичар, медицинскиот лекар Шерлок Холмс од 21 век, кој ја доживува реалноста без разубавување, во текот на серијата кажа многу вистини поврзани со животот, вистината и лагата.

- Ако не знаете да лажете, не знаете ни кога ве лажат.

- Ако сакате да ја дознаете вистината за некого, таа е последната личност што треба да ја прашате.

- Не постои тенка линија помеѓу љубовта и омразата. Помеѓу љубовта и омразата постои Кинески ѕид со вооружени чувари на секои 10 метри.

- Велат дека не може да се живее без љубов... Сепак, мислам дека кислородот е понеопходен.

- Ако никој не ве мрази, тогаш сигурно нешто правите погрешно.

- Она што го мислиш за мене нема да ме промени, но може да се промени она што јас го мислам за тебе.

- Ако зборувате со Бог, вие сте религиозни. Ако Бог зборува со вас, тогаш сте психотични.

- Работете паметно, а не напорно.

- Очите можат да измамат, насмевката може да лаже, но чевлите секогаш ја кажуваат вистината.

- Да се биде нормален е без врска.

- Основната вистина за човекот е дека секој лаже. Единствената променлива е за што лаже.

- Кога не можеме да најдеме логичен одговор, се задоволуваме со глупав.

Извор: Housemd-guide.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот