X
 22.07.2020 Култура

Новата сезона на „Вовед во анатомија“ ќе биде за коронавирусот

Новата сезона на „Вовед во анатомија“, 17-тата по ред, ќе се фокусира на пандемијата на коронавирусот.

Извршниот продуцент на серијата, Криста Верноф, смета дека нема друга опција освен фокусирањето на коронавирусот со оглед на големото влијание што го има врз целиот свет во последниве шест месеци.

- Не може да се биде долгогодишна медицинска серија и да не ја вклучите медицинската приказна на нашето време - изјави таа.


Фото: Wikipedia

Со оглед на сериозноста на ситуацијата, актерската екипа треба да биде навистина подготвена, па затоа авторите разговараат со доктори кои се справуваат со коронавирусот и го следат начинот на кој тие работат во овој период.

- Секоја година доаѓаат доктори и ни ги кажуваат нивните приказни, најчесто тие ги кажуваат нивните најсмешни или најлуди приказни. Оваа година тоа повеќе звучи како терапија. Докторите доаѓаат и ние сме луѓето на кои тие им зборуваат за своите искуства. Тие буквално се тресат и се воздржуваат да не заплачат, бледи се и зборуваат за ситуацијата како за војна - војна за која не биле обучени - изјавила Верноф.


Фото: Wikipedia

Слушањето на искуствата на докторите било болно, но Верноф смета дека е неопходно овие искуства да им се пренесат на гледачите.

- Чувствувам дека нашата серија има можност и одговорност да пренесе некои од овие приказни - додава таа.

Авторите веќе работат на сценариото за 17-тата сезона, за која Верноф открива дека ќе има и хумористични и романтични елементи.

Извор: bustle.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура