Прикажана е првата епизода од долгоочекуваната серија на Ејч-би-о - „Куќа на змејовите“, за која критичарите претходно тврдеа дека е подобра од „Игра на троновите“ и „Брејкинг бед“.
Дејството на серијата е сместено пред настаните од „Игра на троновите“, во ерата кога семејството Таргариен владеело со Вестерос, а најмногу се врти околу предците на Денерис Таргариен, принцезата Ренира Таргариен и принцот Дејмон Таргариен.
Набргу по премиерата на серијата социјалните мрежи беа преплавени со коментари од задоволни обожаватели, а првата епизода моментално има висока оцена од 9,0 на IMDb.
- Серијата ќе биде луда. Каква прва епизода - напиша еден интернет-корисник.
- Првата епизода беше феноменална. Едвај чекам да пристигне втората наредната недела - пишува друг.
- Серијата е слична на петтата сезона на „Игра на троновите“ - пишува трет.
Сепак, некои го изразија своето незадоволство за една работа.
- CGI-графиката на змејовите и градовите не изгледа ни приближно добро. Дали ги намалија трошоците? - пишуваат интернет-корисниците и сите се согласуваат дека CGI-графиката беше многу подобра во „Игра на троновите“.
Фото: Screenshot/YouTubeType your content here...