Плановите на германската влада за инвестирање во соларни извори на енергија, според проценките, ќе бара дополнителни 100.000 работници. На крајот од 2022, во овој сектор биле вработени околу 65.000 луѓе.
Според Карстен Керниг, директор на здружение за соларна енергија во Германија, секторот треба да вработува околу 165.000 луѓе во следните години.
Проценките се основаат на целите на германската влада, според кои се предвидува годишниот фотонапонски капацитет да достигне 26 гигавати до 2026, што е трипати повеќе од 2022.
Работници во секторот се потребни и денес со оглед на тоа што девет од 10 фирми од индустријата бараат работници. Побарувачката за соларни панели кај приватните сопственици на домови и фирмите се зголемила за 36, односно 40 отсто минатата година.
Извор:
Bonitet
Насловна фотографија: Pixabay