X
 19.04.2017 Култура

Селото кое пронајде смисла во значењето на соларните панели

Во селото Тахала, соларните панели не само што ја подобриле земјоделското сопанство, туку и им помогнале на жителите да се поврзат со Бога.

1
Фото: Zakaria Alt Wakrim

Отсечен регион


Скриен во планинскиот венец Анти-Атлас, јужниот дел на Тафраоут регионот во Мароко, не привлекува многу туристи. Оние посетители кои им пркосат на кривите патишта на градовите како Тизнит, успеваат да земат учество во свеченостите како што е собирање на бадем, искачување на гранитните планини и купувањето на едно од најчистите масла од арган во светот.

Традиционален начин на живот

Во селото Тафраоут во Тахала, древната култура продолжува со својот неверојатен напредок. Тука, народот наречен Амазиг, кои потекнуваат од Мароко, Алжир, Либија и други места во Северна Африка - се посветени на обработување на земјата - нешто што го прават илјадници години.

Амазиг значи „слободен човек“ на Тамазиг, нивниот јазик, и меѓу овие луѓе мошне е важна независноста. Нивниот локален живот останува релативно непречен од надворешни влијанија - сè до неодамна.

2
Фото: Zakaria Alt Wakrim

Додаток во нивниот живот

Во 2016 година, „Greenpeace“ воведе соларни панели во Тахала. Претходно селото се соочуваше со чести прекини на електрична енергија поради недостаток на средства за финансирање од централната власт. Панелите имале огромно и изненадувачко влијание врз локалната заедница.

Ценета стока

Пред панелите да бидат инсталирани, регионот често пати се соочувал со прекини на електричната енергија, со што престанувале да работат системите за наводнување. Сега, кога проблемот со електричната енергија е решен, градините со Арган дрво во селото цутат.

4
Фото: Zakaria Alt Wakrim

Локалните жители велат дека големите надморски височини и релативно сувата почва придонесуваат дрвјата Арган да успеат. Во ова село, маслото се извлекува со рака: селаните ги кршат плодовите од дрвјата за да ги отстранат кернелите внатре, кои подоцна се печат за од нив да се ослободи масло.

Моќта на божеството

Но, за една мала група на жители на Таала, панелите имаат многу поголемо духовно влијание. Исламот е примарна религија во овој регион, иако не секој ја применува истата форма. Од 17-от век, Тахала е дом на Атика Медреса, манастир посветен на суфизмот, мистична гранка на исламот кој го нагласува единството со Бога како главна цел.

Мистиците на суфизмот во градот веруваат дека соларните панели емитуваат повисока сила: онаа на божеството.

4
Фото: Zakaria Alt Wakrim

Симболична светлина


Стотици години, студентите на Атика Медреса ги проучувале текстовите на истакнати суфи спиритисти како што е персискиот поет Руми - тие го сметале сонцето како целосна Божја светлина. Тие се стремат да го уништат сопственото его и да станат едно со природата и универзумот.

Со буквално канализирање на сонцето, соларните панели во Тахала ја реализираат метафората на заедницата Атика Медереса кои ги гледаат како нешта кои ја канализираат божјата сила во нивното село. За нив, соларните панели се свети.

Соларните панели драстично го подобриле животот на жителите на Тахала без да бидат пречка на културата на селото. Вадењето на масло е подобро од порано, а иако панелите го промениле начинот на кој суфизмот се практикувал во Тахала, членовите на Атика Медреса чувствуваат поблиска врска со Бога.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура