Оваа седмица на небото ќе може да се видат пет планети кои ќе бидат една до друга. За да бидат видливи небото треба да биде чисто и да има непречен поглед на источниот хоризонт. Веројатно ќе бидат потребни и телескоп или двоглед за да се видат сите пет планети.
Планетите најдобро ќе може да се видат утрото на 17 јуни, околу еден час пред изгревање на Сонцето. Најсветла ќе биде Јупитер, која ќе се наоѓа во близина на хоризонтот. Десно од неа ќе се гледа Сатурн, која е помала од Јупитер.
Долу и лево од Јупитер ќе може да се види Меркур. Нептун и Уран, кои се подалеку и ќе светат најбледо, ќе бидат најтешки за забележување. Нептун ќе се наоѓа помеѓу Јупитер и Сатурн, а Уран ќе биде помеѓу Јупитер и Меркур.
Следното вакво поставување на пет планети ќе се случи дури на 8 септември 2040 година.
Извор:
Science alert
Насловна фотографија: Pixabay