Погледот на „Хабл“ низ ултравиолетовиот спектар отвора нов поглед во постојано растечкиот универзум, следејќи го настанувањето на ѕвездите во изминатите 11 милијарди години, сѐ до најактивниот „бејби бум“ што се случил околу три милијарди години по Биг Бенг.
Благодарение на собраните податоци во инфрацрвен, ултравиолетов и видлив спектар, астрономите составија најсеопфатна слика за еволуцијата на универзумот досега. Сликата го покажува јазот помеѓу далечни галаксии што може да се види само преку инфрацрвениот филтер, како и галаксии блиски до нас кои можат да се видат во поширок спектар на бранови должини на светлината.
Фото: NASA
Светлината што доаѓа од далечните области во кои некогаш одамна биле создадени ѕвездите на почеток се наоѓаат во ултравиолетовиот спектар, но како што се шири универзумот, ослободената светлина влезе во инфрацрвениот дел од спектарот.
Со споредување на слики што го покажуваат појавувањето на ѕвездата во далечниот и блискиот универзум, научниците можат подобро да го разберат начинот на кој блиските галаксии настанале од мал рој жешки млади ѕвезди. За споредба, мозаикот што го гледате погоре во
моментов е 14 пати поголем од подрачјата што „Хабл“ ги сликал и ги испратил во 2014 година.
Низ зелената магла на аурора бореалис/Фото: NASA
Аурора јужно од Австралија/Фото: NASA
Превезот во боја на аурора над Земјата/Фото: NASA
Аурора и северозападниот дел на Пацификот/Фото: NASA