X
 24.06.2022 Наука

Јупитер „јадела“ помали планети во минатото

Јупитер содржи остатоци од други млади планети, открива истражување кое се фокусирало на хемискиот состав на планетата.

-Јупитер била една од првите планети кои се формирале во првите неколку милиони години кога се создавал нашиот сончев систем пред околу 4,5 милијарди години - изјавила истражувачката Јамила Мигел.

Сепак, таа посочила дека научниците не се сигурни за голем дел од создавањето на Јупитер. Во новото истражување се анализирал составот на Јупитер со помош на податоци за гравитацијата собрани со сонда на американската вселенска агенција НАСА.

Научниците забележале присуство на тешки елементи кои покажуваат дека планетата „јадела“ млади планети и растела на тој начин.

Кога станува збор за создавањето на Јупитер, според една теорија, планетата се создала со спојување на помали карпести делови. Според друга теорија, јадрото на Јупитер се формирало со апсорбција на повеќе помлади планети или големи вселенски карпи.

Извор: Indy100
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука