Водата од ледените санти е најдобра на светот. Барем така велат жителите на смрзнатиот север од канадската провенција Нанавут.
„Некои луѓе овде го користат мразот од сантите за вода. Барем него го имаме во изобилие“, вели за Би-Би-Си Ален Конелиусие, еден од најстарите жители на Кикиктарјуака.
Таа заедница е мала, има околу 600 жители, но интересно е тоа што е забележан пораст на бројот на жители од 2011 година. Секоја година овде се одвојуваат две недели на божиќните и новогодишните празници за прослави, а особено за прифаќање посетители.
Некогаш во близина имале радар со кој Американците сакале да детектираат советски зракопловни вооружени нуклеарни бомби со што би го спречиле можниот напад преку Северниот пол.
Алан зборува и за тоа како големата
санта мраз може да биде навистина страшна кога се распаѓа. „Верувам дека ова се должи на климатските промени. Некогаш одамна не се распаѓаа толку, а сега е нормална појава“, вели тој.
Овие жители особено уживаат во подготовка на чај со чиста вода од стопен мраз, затоа што водата од копното често има чуден вкус.