X
 31.03.2019 Наука

Марс бил покриен со големи реки во минатото

Ново истражување на научниците од Универзитетот во Чикаго претставува теорија дека Марс бил покриен со огромни реки во текот на повеќе долги периоди во далечното минато. Иако многу прашања остануваат неодговорени, студијата е пресврт во однос на долготрајни претпоставки за историјата на нашиот најблизок планетарен сосед.

- Можеме да видиме дека Марс немал само еден влажен период во неговата рана историја и потоа пресушил. Покомплицирано е, имало повеќе влажни периоди - истакнува водечкиот автор Едвин Кајт, доцент на Универзитетот во Чикаго.

Реките не биле сконцентрирани само во една област. Тие, според истражувачите, биле низ целата планета, и биле дистрибуирани преку стотици канали.

Тоа не значи дека Марс секогаш бил богат со вода, особено ако се земе предвид дека Марс има екстремно тенка атмосфера денес, а во минатото планетата добивала само една третина од сончевата светлина во споредба со денешната количина што доаѓа до Земјата, што не би било доволно топлина за да се одржи течната вода.

- Тешко е да се објаснат реките и езерата врз основа на информациите што ги имаме. Ова го прави тешкиот проблем уште потежок - вели Кајт.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука