Европската агенција за животна средина неодамна спровела истражување за квалитетот на водата на дури 22.276 плажи во 27 земји во Европската Унија, Албанија, Швајцарија и Велика Британија.
Резултатите покажале дека Кипар ги има најчистите плажи во споредба со овие земји. Агенцијата го оценила квалитетот на водата на кипарските плажи со максимални поени. Сите 112 плажи на Кипар добиле одлична оцена.
Фото: Кипар/Pixabay
На ниво на цела Европа, 82,8% од плажите добиле највисока оцена.
На листата на земји со најчисти плажи, по Кипар следуваат Австрија, Грција, Малта и Хрватска. Од сите плажи, 296 (околу 1,3% од плажите), добиле лоша оцена.
Фото: Pixabay
Велика Британија, која била во ЕУ во периодот кога се спровело истражувањето, добила највисока оцена за само 17,2% плажи, додека во Полска, само 22,1% од плажите добиле најдобра оцена.
Извор:
Novosti