X
 15.08.2018 Образование

Обезбедени пари за лекарите специјализанти што не добиваа плата

Министерството за здравство со помош на Владата обезбедило буџетски средства за исплата на приватните специјализанти запишани на конкурсот во јануари 2018 година, информираат од Министерството.
-Сите приватни специјализанти (92-ца кандидати) што се стекнаа со правото да добијат месечен паричен надоместок на последниот конкурс за приватни специјализации не биле искалкулирани во буџетот на Република Македонија донесен при крајот на 2017 година. Од тие причини стручните служби работеа подолго време од вообичаеното за да обезбедат буџетски средства за сите колеги-специјализанти да добиваат редовен месечен надоместок за нивниот труд и работа. Со тоа ја исполнивме нашата цел сите приватни специјализанти да бидат наградени за вложениот труд – стои во соопштението.



Од Министерството за здравство потенцираат дека средствата на специјализантите ќе бидат исплатени ретроактивно од моментот кога Министерството ветило дека ќе ја започне исплатата, поточно од јуни 2018 година.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование