X
 04.10.2017 Живот

Како да се преживеат непредвидените трошоци?


Калкулатор, тетратка и пенкало
(Фото: Pixabay)


Најдобар начин за избегнување неконтролирано купување е рационалното трошење. Тоа подразбира добро планирање и воздржување од непланирана потрошувачка. Но ако зборуваме отворено, тоа е полесно да се каже отколку да се направи. Освен тоа, дури и кога дисциплинирано се однесуваме кон набавките, секогаш постои можност да се појават непредвидени трошоци. Кое е решението?

Едноставно – треба да се планира потрошувачката. Планирањето ќе го намали бројот, но и износот на непредвидените трошења. Како се постигнува тоа?

Прво, треба да се направи листа со потребни работи. Не список, туку листа со намирници и потреби со дефиниран износ. На пример, се прави листа со сите трошоци до следната плата. Најверојатно тие трошоци ќе бидат повисоки од приходите. Оние што работат некаква дополнителна работа од која добиваат и дополнителни приходи имаат можност за „допинг“ на месечниот семеен буџет. Освен тоа, постои и можност за позајмување средства или кредит до плата. Заемот е евтин кредит или кеш-кредит кој се добива без обезбедување депозит. Брзиот заем на средства е начин за краткорочно позајмување средства во случај кога ќе се појават некои трошоци што не биле планирани во семејниот буџет.

Значи, поентата е дека треба да се одредат приоритети. Со ваков потег ќе се насочиме кон набавка на работи што навистина се потребни. Таков список ќе ни олесни да заштедиме и на „малите“ и на „големите“ трошоци.

Кога веќе имаме список, при редовната набавка на продукти нема да се залетуваме и да купуваме нешто што не ни е неопходно. На тој начин можеме да ослободиме дел од буџетот за работи што треба да се обноват или за трошоци што не сме ги планирале.

Пожелно е разликата од износот што сме го планирале за трошење и износот што сме го потрошиле во купување да ја вложиме во нешто што навистина ни е потребно или е паметно да се вложи. Дури кога ќе го реализираме тоа, ќе можеме да кажеме дека паметно сме управувале со средствата. Меѓутоа, и самото штедење без план е бесмислено. Неосмисленото штедење заради штедење е еднакво бесмислено како и стихиското купување. Заштедените средства можат лесно да „испарат“ ако немаме добар план или цел на штедењето. Без план за штедење, потрошувачка и располагање со позајмени пари, секој трошок треба да биде оправдан и важен. Повеќето луѓе се склони сами да си дозволат зголемување на сопствениот стандард кога ќе им се „ослободи“ извесен износ во паричникот. Само оние што се навистина дисциплинирани можат заштедениот износ правилно да го искористат и тоа кога веќе ќе бидат сигурни дека ќе можат без проблем и во предвидениот рок да ја вратат позајмената сума до платата.

Штедењето, особено на ситните трошења, е пожелно, но и заморно. Со ситничарење од плата не можеме да направиме милионски заштеди. Од друга страна, со добро планирање сепак можеме паметно да управуваме со средствата што ни се на располагање. Добра вежба за тоа планирање е евидентирањето на трошоците. Тоа значи дека секој, буквално секој трошок треба да го запишеме. Од ситните пари за паркинг до најголемите ставки. Расходите можеме да ги поделиме на задолжителни расходи за трошоци во домаќинството (храна, пијалаци, козметика), на фиксни трошоци (интернет, комунални услуги и рекреација), на варијабилни трошоци (струја, телефон, гориво), на други трошоци (забава, облека, подароци) и на штедење! Таквото евидентирање ќе го покаже просторот за заштеди и промени на приоритетите. И уште поважно – ќе ви го олесни планирањето и ќе ја намали грижата околу непредвидените трошења!
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот