X
 16.06.2021 Здравје

МЗ: Платени дежурства од 1.800 до 3.600 денари и здравствено осигурување за специјализантите

Платени дежурства и надомест за здравствено осигурување е нешто што првпат го добиваат специјализантите во нашата држава. Решавањето на ова прашање ги опфаќа сите идни приватни специјализанти и придонесува за зголемување на мотивацијата при работењето. На овој начин се стремиме кон дополнителна мотивација за оваа група лекари. Министерството за здравство активно ги слуша барањата на здравствените работници и прави напори да ги реализира во рамките на своите можности, пишува во соопштението на Министерството за здравство.

- Со здравственото осигурување, за кое процедурата е во тек, првпат приватните специјализанти се здравствено осигурани, што значи дека може бесплатно да се лекуваат во установите во кои работат. Со најавените платени дежурства, кои треба да почнат од 1 јуни, исто така првпат специјализантите добиваат платени дежурства, со што се подобрува статусот на специјализантите, нормално и мотивираноста за работа, поради тоа што дежурствата се 20/20 или 24-часовна работа. Во зависност од потребите на клиниката и во зависност од бројот на специјализантите што се на располагање на клиниката, зависи и бројот на дежурства. Во овој период на ковид-криза бројот на специјализанти што работеа на клиниките беше помал, што значи дека бројот на дежурства се зголемуваше. Во изминатите месеци се случувало да имаме и по шест дежурства месечно, тоа е 24-часовна работа - изјави Симона Сапунџија, специјализант на Клиниката за уво, нос и грло.

Откако претходно специјализантите ќе пополнат изјава во ФЗО на РСМ дека немаат други приходи освен надоместокот кој го добиваат од државата, ќе добијат надомест за здравствено осигурување.

Дополнително, на специјализантите ќе им се исплаќаат и надоместоци за дежурствата во нето-износ од 1.800, 2.700 и 3.600 денари. Приватните специјализанти како учесници во давање здравствени услуги ќе добијат и 5% бонус за борбата против ковид-19.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје