X
 30.11.2020 Здравје

По 12 лекари и медицински сестри на Армијата ќе се распоредат во ковид-центрите на Клинички

Медицински персонал од Воено-медицинскиот центар, составен од дванаесет лекари и дваесет медицински сестри, од денеска се вклучува во работата на интерните клиники каде што има неколку ковид-оддели, информираат од Министерството за здравство.

Оваа бројка на медицински персонал е голема поддршка земајќи предвид дека сите специјалисти од интерната медицина и инфектолози од почетокот на кризата се посветени на ковид-пациентите. Медицинските екипи што доаѓаат од Армијата на почетокот ќе бидат распоредени во тријажниот центар на Интерно, каде што ќе вршат прием на пациенти во ковид-одделенијата.

По прогласување на кризната состојба, освен со медицински персонал, Армијата како невооружена сила е поддршка на полицијата во ковид-центрите низ државата. На почетокот од месецот Армијата даде на користење и 5 амбулантни возила како поддршка при справување со последиците од пандемијата на коронавирусот.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје