X
 29.05.2019 Технологија

Еден од најтемните градови на планетата инсталира сончеви огледала

Сончевата светлина е клучен аспект кога станува збор за нашето здравје, доброто расположение и целокупната благосостојба.

Жителите на градовите низ светот што немаат директна сончева светлина во текот на годината се соочуваат со очајна потреба од витамин Д, што е од витално значење за нашето здравје. Покрај тоа, живеењето во постојана темнина е меланхолично.

Поради ова, повеќето луѓе се стремат да живеат во земји каде што секогаш е топло, но сѐ уште постојат многу луѓе кои се навикнале со месеци да не гледаат сончева светлина. Тоа не значи дека не им треба, туку едноставно се навикнуваат на чекањето посветло утре.

Рјукан, град лоциран северозападно од Осло, Норвешка, е познат како еден од најтемните градови на планетата. Во градот живеат околу 3.386 жители, а името го добил по водопадите Рјукан со висина од 104 метри, кои обезбедуваат лесен пристап до генерирање големи количини електрична енергија.

1
Фото: VisitNorway

Од септември до март градот нема директна светлина поради планините што го опкружуваат. За да му даде на локалното население барем малку сонце, градот вложил 5 милиони норвешки круни за да инсталира огледала. Овие соларни огледала се поставени на 450 метри над градот и го следат движењето на сонцето.

- Не размислуваш за тоа, но навистина топли. Не само физички, туку и ментално. Тоа е ментално затоплување - вели еден локален жител.

3
Фото: VisitNorway

Идејата доби критики, нарекувајќи го проектот трик и губење пари за малку сонце. Но, критичарите ја прифатија идејата откако сфатија дека огледалата не само што обезбедуваат сонце за локалното население, туку и привлекоа повеќе туристи во градот.

Идејата за сончеви огледала првпат ја осмислил основачот на градот, Сем Ејде, во 1913 година. Тој ја сфатил важноста на сонцето и се обидел да создаде сончево огледало, но не успеал.

4
Фото: VisitNorway

- Идејата била разгледана повторно во 2005 година од Мартин Андерсен, уметник и жител на градот. Во 2013 година огледалата биле официјално инсталирани - 100 години по идејата - пишува на една веб-страница за норвешки туризам.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија